Шампионот од Делчево, Петар Богдановски ќе атакува на Балканската и Европска титула во ,,Боди-билдинг”

Шампионот во боди-билдинг Петар Богдановски (по потекло од Делчево) ќе атакува на Балканската и Европска титула во ,,Боди-билдинг”, откако неодамна го освои првото место и златниот медал на Државниот куп натпревар. Во својата објава на фејсбук Богдановски истакна дека овој натпревар на кој освои и бронзен медал во сениорска конкуренција е одлична проверка на формата пред Балканското првенство кое неделава ќе се одржи во Књажевац, Р. Србија како и Европското првенство кое во месец мај ќе се одржи во градот Санта Сузана во Шпанија.

-Помина целата таа “Еуфорија” па да се надоврзам со два-три зборови и јас. Прво место и златен медал во Јуниори и бронзен медал во Сениори полутешка категорија во исклучително јака конкуренција. Ова такмичење беше проверка на формата за она што следи. Остануваат уште 1 недела до Балканското првенство кое ќе се одржи во Ќњежевац, Србија и 5 недели до Европското првенство кое ќе се одржи во Санта Сузана, Шпанија. Припремите продолжуваат со полна пареа за уште подобра форма и атак најпрвин на Балканската титула а потоа и Европската титула кај јуниорите, истакна Богдановски.

Изрази благодарност до сите за подршката и позитивните коментари.

-Посебна благодарност ќе изразам до мојот ментор и тренер Тоше Живков Тоти, кој во краток временски период напрај од мене да бидам подобар и по комплетен од последното мое такмичење. Без него ништо од ова немаше да биде можно. Голема посветеност, професионалност, големо знаење и искуство, прецизност и обраќање внимание на најситните детали. Продолжуваме понатаму следна станица, Балканско првенство и атак на титулата, додаде шампионот од Делчево.

На крај ја упати следната порака:

“Пред да кажете било што додека го губите времето на непотребни работи, поработете малку на себе ќе биде во ваша корист. И да одберете го најтешкиот пат, затоа што ако е лесно нема да е интересно”.

Со Богдановски подготвуваме видео интервју во кое ќе се осврнеме на предизвиците кои го очекуваат, а во меѓувреме се потсетуваме на претходното интервју кое го направивме со нашиот шампион:

ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР БОГДАНОВСКИ

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*