Олеснет патниот пристап до новиот Градски пазар

Во Делчево асфалтирана новата улица ,,3″ во централното градско подрачје која поминува во близина на новоизградениот Градски пазар, чија прва фаза од неговата изградба истотака финишира.

Како што информираа од Општината, активноста е дел од проектот „Подобрување на јавните општински услуги во Општина Делчево – Изградба на дел од улица „3“ во Централното градско подрачје“.

-Изградбата на улицата „3“ која денес финишира со поставување асфалт се реализира преку проектната единица на Министерство за финансиии – проект за подобрување на општинските услуги МСИП  2 финансиран преку Светска Банка и кофинансирање на Општина Делчево. На улицата која е во должина од 370 метри е изградена и дополнителна лента од 66 метри предвидена за автобуско и такси стојалиште со што се добива комплетно сообраќајно решение на сообраќајницата која го поврзува новиот градски пазар, односно улицата „Индустриска“ со улица 4 и пешачкиот мост на река Брегалница, истакнаа од Општината.

Делчевскиот градоначалникот Горан Трајковски кој изврши увид во градежните работи истакна дека изградбата на новата улица ќе даде квалитетно сообраќајно поврзување и ќе отвори нови перспективи, инвестиции и развој на овој дел од градот кој е во централното градско подрачје, но со децении стои неуреден и запоставен. 

-Директна корист од реализација на овој проект ќе имаат сите жители на Општината и околните места, но и сите граѓани кои ќе го посетуваат новиот градски пазар, како и идните инвеститори во оваа централна зона, потенцираше Трајковски. 

Вредноста на проектот изнесува 8 милиони денари од кои 5,2 милиони денари се под-заем од Светска  Банка, а останатите средства се обезбедени по пат на кофинансирање од Буџетот на Општина Делчев

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*