Тркалезна маса „Дали личиме на ЕУ“ во клубот на пензионери во Делчево

Во клубот на пензионери во Делчево одржана тркалезна маса во рамки на проектот ,Дали личиме на ЕУ?”. – Филмско документирање за мониторирнг и заштита на човековите права“. Во рамки на настанот како што информираше иницијаторот и модератор за Општина Делчево, Дијана Јосифовска беше прикажан документарен филмна тема „предизвик на генерациите“.

-Документарниот филм беше прикажан како на повозрасните, така и на младите од Општина Делчево. Конкретно во денешната дебата се приклучија пензионерите кои дадоа свое мислење за темата и ситуацијата во нашата држава во споредба со Кипар и Шведска, рече Јосифовска.

Тркалезната маса, како што додаде претседателката на Здружението на пензионери, Виолета Арсова е само една од низата активности преку кои на пензионерите им се доловуваат важни општествени тематики.

-Истите имаат за цел иницирање дебати за разни прашања, овојпат поврзани со човековите права во Република Северна Македонија, како и откривање на тоа што треба да сторат институциите на локално ниво, за да работат врз основа на принципите на ЕУ, додаде Арсова.

Проектот е во реализација на НВО „Конфиденс“ и здружението за промоција и унапредување на културните вредности.

Поопширно за настанот од изјавите во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*