Во тек постапка за отстранување на бесправно-изградени шупи, гаражи и други помошни објекти на Булевар Македонија

Во Делчево во тек е постапка за отстранување на бесправно изградените гаражи и други помошни објекти на булевар Македонија. Постапката како што информираше Даниела Такева од Општина Делчево се реализира поради тоа што објектите се изградени на земјиште во сопственост на РСМ, кои даваат лош изглед на градот.

-Станува збор за процедура која дава одредени рокови. Во интерес на постапката која се води транспарентно, повторно ќе се организира средба со сопствениците и претставници од Општина Делчево, заедно со градежната инспекторка. Бараме трпение од граѓаните и потенцираме дека во тек е решавање на проблемот, потенцираше Такева.Истовремено од утрово како што информираше, инспекциски служби повторно извршиле инспекциски надзор на теренот со цел увид во фактичката состојба.

-Општинските служби извршија теренска проверка на пријава за оставен огревен материјал-дрва на јавен простор и во дворни места на станбени згради и на нив им е наложено, во законскиот рок да ги отстранат. Исто така на јавна површина има оставено пластичен отпад, за што е наложено истиот да биде отстранет веднаш, додаде Такева.

Од општината апелираа до граѓаните за поголема свест и грижа за животната средина, да се почитуваат законите од областа на комуналната хигиена и јавна чистота, се со цел да не се „провоцираат“ парични казни, а од друга страна градот да добие почиста и поубава средина. По отстранувањето на бесправно изградените објекти, согласно ДУП се планира парково уредување на споменатата локација.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*