
Претседателот на Советот на Општина Делчево, Гоце Попов додели 4 спортски стипендии наменети за дечиња кои тренираат ракомет и фудбал во спортските клубови во Делчево.
Средствата за стипендиите се издвојуваат од советничкиот паушал кој претходно најави дека ќе го донира. Во таа насока претходно Попов донираше уште три донации како и 40 украсни садници (смарагд-туи) во село Тработивиште.
Во кратката изјава Претседателот на Советот истакна дека целта е ова да биде поттик и за останати граѓани и фирми да ги помагаат младите спортисти и младите кои имаат потреба од таква помош.
Од РК ,,Делчево” го поздравија општествено-одговорниот гест на Попов:
-Голема благодарност од името на РК Делчево до нашиот сограѓанин, спортски работник и член на советот при Општина Делчево господинот Гоце Попов кој несебично донираше од својот советнички паушал на две наши ракометарки како стимул за напредување во нивната спортска кариера.Благодариме од срце и секое добро. Спортски поздрав, се вели во објавата на РК ,,Делчево”.
Слична порака упатија и од ФК ,,Брегалнива Делчево” млади категории:
-Сакаме да се заблагодариме на Popov Goce ,кој даде еднократна стипендија на две наши талентирани дечиња,еден мотив повеќе да напредуваат во фудбалот и да бидат уште подобри во иднина!Благодариме од ❤️ Гоце!!!, истакнаа тренерите на младите фудбалери

Leave a Reply