Избран најдобриот „Млад библиотекар“ во Делчево

Заврши натпреварот „Млади библиотекари“ во Делчево. Како што истакна Биљана Петровска, директорката на Јавната локална библиотека ,,Илинден”, натпреварот на општинско ниво се реализираше во соработка со воспитно-образовните установи од Делчево, а за најдобар млад библиотекакар е прогласена Антонела Николовска.

-На натпреварот учествуваа ученици од двете основни училишта во градот, тестот се решаваше 60 минути, а учесниците одговараа на 20 прашања. Со најмногу бодови е Антонела Николовска од ООУ „Ванчо Прке“ со ментор Габриела Димитровска. На сите учесници во натпреварот им благодариме од срце, а на победничката и посакуваме многу успех, рече Петровска.

За победничката Антонела Николовска иако прашањата биле потешки од она што го учат во училиштата, убаво е што знаењата што ги стекнуваат со овие натпревари ќе ги збогатува за цел живот.

Победникот како што додаде Петровска ќе ја претставува делчевската библиотека на државниот натпревар „Млади библиотекари“, кој по 21 пат во организација на Библиотекарското здружение на Македонија, ќе се одржи на 20 мај годинава во НУУБ „Григор Прличев“ во Охрид.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*