Иницијатива за збратимување на Делчево и општина Кемалпаша

Општина Делчево отпочна иницијатива за збратимување со општина Кемалпаша од Р. Турција. Иницијативата е договорена на заедничката средба на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски и градоначалникот на Општина Кемалпаша, Ривдан Каракајли, во рамките на посетата на Кемалпаша која се реализира со цел унапредување на меѓусебната соработка во сите области кои се од интерес за граѓаните на Кемалпaша и Делчево.

За Трајковски унапредувањето на соработката меѓу двете општини ќе значи и имплементација на добрите практики, посебено на искуствата на Кемалпaша во процесот на развој на индустријата и отворањето нови работни места, но и размена на информации и за проекти и заедничко учество во проекти.  

-Ме радува пријателството и иницијативата на градоначалникот г-ин Каракајли за збратимување, посебно што станува збор за општина со над 120.000 жители и економски развиена. Оваа соработка може да донесе понатамошен развој и соработка во сите области. Пријателството меѓу општините е битна алка, бидејќи денес општините претставуваат клучен елемент во процесот на развој на регионите и земјите и важен предмет на меѓународните односи и соседската соработка, при што општините имаат особено важна улога и одговорност, потенцираше Трајковски.  

Делегација на Општина Делчево на покана на домаќините од Општина Кемалпаша, деновиве претстојуваат во посета на Општината, а во рамките на традиционалниот Меѓународен фолклорен фестивал кој се одржува по повод  Денот на детето во Измир, Турција. 

На фестивалот, ќе настапи и Фолклорната група при Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ кои ќе го промовираат пијанечкото и македонското фолклорно богатство

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*