Донација од советникот Иван Гоцевски за потребите на новата сензорна соба во ООУ ,,Св.Климент Охридски”

Објава на советникот Иван Гоцевски:

🍀НАШЕТО НАЈУБАВО УЧИЛИШТЕ🍀

Деца низ целиот свет се исклучени од училиштата и од образовниот систем заради попреченост, раса, јазик, религија, род и сиромаштија. Но, секое дете има право на поддршка од неговите родители и заедницата за да расте, учи и се развива во раното детство и, штом стигне до училишна возраст, да оди на училиште и да биде прифатено и вклучено и од наставниците и од врсниците подеднакво. Кога сите деца се образуваат заедно, без разлика на нивните разлики, сите ги чувствуваат придобивките – ова е камен темелникот на инклузивното образование.

👉Инклузивно образование е кога различни ученици со различни способности учат заедно во истата училница.
👉Тие се дружат на екскурзии и се заедно на вонучилишни активности.
👉Заедно учествуваат во училишниот систем.
👉Заедно присуствуваат на спортските средби и игри.
👉 Во вистинска инклузивна поставеност, секое дете се чувствува безбедно и има чувство на припадност.

Ова позади е нашето најубаво училиште, ООУ Климент Охридски-Делчево. Училиште во кое учев јас, а ќе учат и моите деца. Токму во ова училиште се роди идеја и потреба за создавање на СЕНЗОРНА СОБА за развој на дечиња со попреченост. СЕНЗОРНАТА СОБА ќе им помогне во поефикасно интегрирање на дечињата, но и за намалување на пречките кои за жал ги имаат. Затоа за потребите и создавањето на СЕНЗОРНАТА СОБА, донирав ДИДАКТИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ во износ на еден и половина советнички паушал за потребите на оваа група дечиња. Ова е за дечињата, прекрасниот колектив на училиштето, но и да послужи како апел до опшеството да помогнеме во рамките на нашите можности во остварување на нивната замисла. Желбата и мотивираноста на колективот кој што работи со оваа група на дечиња ми дава увереност дека ќе успеат во нивната замисла и од наредната учебна година дечињата ќе учат и ќе се надградуваат во нова и модерна СЕНЗОРНА СОБА.
Тоа што го прават сите во училиштето е за еден искрен ПОЗДРАВ. Од нас е малку но е од срце… ❤️❤️❤️

Линк до оригиналната објава:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=5563644533663210&substory_index=0&id=100000531543307

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*