ЈЛБ ,,Илинден” го одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право

Во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево со низа активности одбележан 23 април светскиот ден на книгата и авторското право. Во рамки на настанот, како што информираше директорката Биљана Петровска, библиотека ги избра читателите на годината.

-Традиционално на овој ден, ЈЛБ „Илинден“ во чест на  двајцата великани на светската книжевност Вилијам Шекспир и Мугуел де Сервантес  кои со своите  дела го задолжија човештвото избира читател на годината. И овој пат избравме најчитатели одразлична возраст. Титулата читател на годината ја понесоа Виолета Атанасовска, Елена Димитровска и од најмалите Теодора Митевска и Маринела Захариевска. Честитки до сите нив, посакуваме и понатаму да бидат наши редовни читатели, рече Петровска.

Во рамки на настанот во соработка со Комисијата за еднакви можности и родова еднаквост при општина Делчево, библиотеката организираше и трибина на тема авторско право. 

-На трибината учествуваа Сузана Петровска од Комисијата за еднакви можности, а стручно обраќање на тема „Авторско право“ имаше Катерина Антовска- магистрант по авторско право, која имаше прекрасно излагање за авторското право кое подоцна создаде плодна дебата, додаде Петровска.

На крај на настанот Медиумската информативна агенција заедно со локалниот медиум delcevo365.mk и регионалната м-нет тв добија благодарница за досегашното редовно покривање на сите активности што ги реализира делчевската библиотека.

Во продолжение сите изјави од настанот како и одржаната трибина на тема ,,Авторско право”:

Видео изјави од фан страницата на фејсбук:

https://fb.watch/cx8-7kaqJ7/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*