Концерт на ,,Дац и Александар” по повод Денот на полицијата во Делчево

Централната прослава по повод Денот на македонската полиција ќе се одржи во Делчево на 7 мај.

Согласно со најавената програма, планирана е презентација на опрема и оружје, но и дружење со припадниците на единиците на МВР.

Воедно, во културно забавниот дел ќе настапат фолклорните друштва од Делчево, како и Пеjачката група “Ѓурѓа”, а концерт ќе одржат познатите македонски поп ѕвезди Дац и Александар.

Настанот е со почеток во 12,30 ч во паркот пред Спомен дом АСНОМ, а централната прослава ќе биде директно пренесувана на МТВ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*