Македонскиот тим со солиден пласман на Светскиот пица шампионат во Рим

Македонскиот пица тим имаше солидно претставување на Светскиот шампионат во подхтовување пица без граници во Рим, Италија.

На настанот покрај светски најпознатите Давиде Чивитело Тичијано Кастило, Роберто Суста и други за прв пат Зоран Јовановски – Паламаро како единствен Македонец беше во жирито на ова светско натпреварување за пица.

На настанот учество зедоа околу 250 натпреварувачи од целиот свет.

Зоран Јовановски исто така беше ментор на Македонскиот пица тим кој зеде учество во три категории на ова натпреварување.

Синиша Чамџик од Гевгелија го освои одличното 8 моместо во пица Наполетана стил, додека го делеа 17 место со Хисен Таири во Категорија Класична пица.

Во продолжение неколку фотографии од шампионатот кои ни ги долови нашиот најпознат пица мајстор по потекло од М.Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*