Формирано првото доброволно противпожарно друштво во Делчево

Пред еден месец во Делчево официјално беше формирано првото доброволно противпожарно друштво, кое согласно донесениот статут на основачкото собрание здружението ќе функционира како доброволно, хуманитарна,невладина и непрофитна граѓанска организација чија основна цел е помагање при гаснење на пожари и справување на елементарни непогоди.

-На ден 06.04.2022 во Делчево официјално е формирано првото доброволно противпожарно друштво ДПД Волонтер Делчево. Согласно донесениот статут на основачкото собрание здружението ќе функционира како доброволно, хуманитарна,невладина и непрофитна граѓанска организација чија основна цел е помагање при гаснење на пожари и справување на елементарни непогоди. Освен пожарникарската дејност здружението ќе спроведува еколошки акции, ќе соработува со локални власти, претпријатија и здруженија за унапредување на состојбата и вклучување на младинци во здружението.

Основачи на здружението се Александар Дончевски, Борче Поповски, Кристијан Димитровски, Филип Ѓоргиевски, Љупчо Петровски.

Воедно, ДПД Волонтер Делчево објавува јавен повик за нови членови во чии рамки сите заинтересирани може да се пријават со порака на страната на ДПД Волонтер со име презиме возраст место на живеење и тел за контакт.

-На јавниот повик може да се пријават сите заинтересирани што можат да дадат свој допринос за подобро работење и функционирање на друштвото без разлика на пол вера националност возраст или било која друга припадност. Јавниот повик ке трае 15 дена а по завршување на истиот ке се изврши обука на кандидатите.

Лице за контакт е Борче Поповски

Моб. 079348397

Линк до страницата: https://www.facebook.com/111802044840307/posts/123814926972352/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*