
Богатата програма од областа на културата во организација на КИЦ ,,Романса” од Македонска Каменица продолжува следната сабота со концерт на поп-класична музика.
Еве што се вели во најавата за овој настан:
Долго очекуваното трио кое направи бум во цела Македонија конечно доаѓа и во Домот на Културата во Македонска Каменица со мега концерт.

21 МАЈ 2022 ГОДИНА, САБОТА СО ПОЧЕТОК ОД 20 ЧАСОТ
ВЛЕЗ:100 ДЕНАРИ

Дојдете да уживате во прекрасните интерпретации на Трио Џентлмен кои ке ве остават без здив и ке уживате на вечерниот концерт, се вели во поканата на организаторите за настанот.
Картите се пуштени и во пред продажба од денеска во Домот на Културата а можат да се купуваат и на влезот до пред почетокот на концертот.
Leave a Reply