,,Ретроспективна изложба – Цвеке” во Пехчево

Денес во организација на ОУДК ,,Јане Сандански” Пехчево беше отворена изложба,, Ретроспективна изложба Цвеке” на Дом за деца и млади,, Благој Мучето” Струмица.

Претставени беа 14 ликовни дела на ученици од основните училишта во Македонија. На отварањето на изложбата беше одржан едукативен час од страна на директорката на Дом за деца и млади,, Благој Мучето” Струмица, Светлана Мазгаловска Вучетиќ во присуство на ученици од IX одд. Од ООУ,, Ванчо Китанов” Пехчево кои со беа во посета на отварањето на изложбата со професорот Валентина Станоевска.

-Чест и задоволство ни беше да бидеме домакини и да ги пречекаме гостите од Струмица,да споделиме искуства, мислења и соработка со двете институции.Изложбата ке биде посетена и наредните денови од ученици и наствници од основното и средното образование, истакнаа во својата објава од ДК ,,Јане Сандански” од Пехчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*