Во М.Каменица засадени 70 дрвја англиски даб во чест на кралицата Елизабета II

Во присуство на британската амбасадорка во Македонија, Рејчел Галовеј, во Македонска Каменица засадени 70 дрвја англиски даб во чест на платинестиот јубилеј на британската кралица Елизабета II, со кој се одбележуваат 70 години од нејзиното крунисување.

Дрвјата се донација од рудник Саса, а денес беа засадени на две локации кои од страна на Општината беа избрани како најсоодветни.

-На првата локација која се наоѓа во близина на паркот „Младост“ засадени се седум дрвја англиски даб, а останатите 63 се засадени во манастирско-туристичкиот комплекс Еленец во село Цера, информираа од Општината.

На настанот покрај амбасадорката Галовеј, присуствуваа градоначалникот Димчо Атанасовски, директорот за одржливост на САСА, Ивица Талевски и главниот финансиски директор на ЦАМЛ, Гавин Ферар.

Донацијата се реализира како подарок за заедницата од руднук САСА од каде напоменаа дека е во насока на продолжување на континуираните активности за заштита на животната средина и одржлив развој.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*