Фестивал на дувачки оркестри од 13 до 16 јули во Пехчево

По пауза од неколку години Општина Пехчево повторно ќе го организира Фестивалот на дувачки оркестри. Фестивалот како што се вели во објавата на Општина Пехчево ќе се одржи од 13 до 16 јули 2022 година.

-Со задоволство ви го најавуваме ФЕСТИВАЛОТ НА ДУВАЧКИ ОРКЕСТРИ и Етно саем Пехчевски Пвловден кој после пауза од неколку години заради covid-19 пандемијата, повторно ќе го организираме од 13.07.2022 до 16.07.2022 за агендата на фестивалот ќе бидете известени наскоро, се вели во информацијата.

Дека фестивалот ќе биде организиран претходно навести градоначалникот Александар Китански кој за време на одржувањето на Велигденскиот концерт во Пехчево дополнителни информации за самиот тек на Фестивалот најави за во наредниот период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*