,,Волшебната круша” ја наполни киносалата во Делчево!

Полна киносала и радосни детски срца…ова е епилогот од денешната прва кино проекција ,,Волшебната круша”, која на иницијатива на општествено-одговорната компанија ,,Брегал” од Делчево се организираше во соработка со Центарот за култура ,,Н.Ј.Вапцаров” од Делчево.

Како што истакнаа од ,,Брегал” и НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” ваквите кино проекции продолжуваат секој нареден петок во период од еден месец, што значи дека ваквата глетка на среќни и насмеани детски лица ќе продолжи и во наредниот период.

Секоја чест до организаторите кои се потрудија на дечињата да им овозможат да уживаат во првата кино-претстава од овој циклус на кино проекции!

Во продолжение преку неколку фотографии и видеа ви ја доловуваме атмосферата од денешниот настан:

https://youtube.com/shorts/iwpi2uDRND0?feature=share

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*