Елеонора Мичковска и Горанчо Костадинов избрани за 16 брачен пар на Пијанечко – Малешевска свадба

Елеонора Мичковска и Горанчо Костадинов се избрани за 16 брачен пар на Пијанечко – Малешевска свадба. За избор на брачниот пар претходно беше објавен јавен конкурс на кој како што информира организаторот биле пријавени 5 брачни пара.

-Конкурсот траеше 30 дена, имавме 5 пријавени брачни парови од кои оваа година ги избравме младоженецот Горанчо Костадинов (34) кој по потекло е од селото Истевник и невестата Елеонора Мичковска (26) од селото Русиново, Пијанечко – Малешевски регион кои моментално се на привремена работа во Австрија. Во рамките на Манифестацијата „Делчево фест“ 2022 – 46 ти Меѓународен музички фолклорен фестивал и 16 та Пијанечко – малешевска свадба во функција на туристичка понуда на регионот ќе го промовираме овогодинешниот 16 ти брачен пар, информираше организаторот КУД ,,Гоце Делчев”.

Целта на „Делчево фест“ фестивалот е да се презентира македонската духовна култура и традиција, но и запознавање со други култури и традиции, негување на фолклорот и збогатување на туристичката понуда во Пијанечко-Малешевскиот регион , запознавање и ширење на културите преку дружење на учесниците.

Придружната манифестација Пијанечко – Малешевска свадба во функција на туристичка понуда на регионот има за цел да ја оживее и зачува свадбената традиција …што се практикувала во дамнешните времиња како обичаите и песните во овој регион кои се мошне специфични и интересни од фолклорен и етнолошки аспект.

На овогодишната манифестација/фестивал ќе настапат 15 друштва од Македонија и 5 странски друштва, главни личности на промоцијата ќе бидат Горанчо и Елеонора.

 Организатор на Манифестацијата/Фестивалот е КУД „Гоце Делчев“ Делчево во соработка со соседните општини и здруженија од областа на културата.

Покровител на „Делчево фест“ е градоначалникот на Општина Делчево

Подржувач: Министерство за култура на Република Северна Македонија

„Делчево фест“ е дел од Националната програма за 2022 година на Министерство за култура

Координатор на Манифестацијата/Фестивалот е Самостоен уметник Зенил Стучни.

Програмата на Делчево фест се имплементира 10 месеци почнувајки од јануари, а главната имплементација ќе се одржи на 10 Септември на Главниот плоштад во Делчево – Летна сцена во градскиот парк.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*