
Денес во делчевското Средно училиште ,,Методи Митевски – Брицо” се одржа Отворен ден за сите ученици од деветто одделение од двете основни училишта од градот. Настанот се организираше со цел идните средношколци да се запознаат со планот и програмата и активностите што ги реализира училиштето заедно со учениците и професорите.
-Нашите ученици и професори ги претставија струките кои ги нуди нашето училиште:
Текстилно -кожарска струка со образовен профил Техничар за изработка на облека/Техничар за моделирање на облека (дуална паралелка)
Хемиско -технолошка струка со образовен профил Прехранбен техничар (дуална паралелка) и
Гимназиско образование со
Општествено-хуманистичко подрачје
Природно-математичко подрачје и
Јазично-уметничко подрачје, стои во објавата на СОУ ,,М.М.Брицо”.

Учениците кои ќе изберат да го продолжат своето образование во стручни профили ќе добиваат месечна стипендија.
-Овој ден сите го поминавме во дружење за подобро запознавање преку разни креативни активности. Присутните ученици поставуваа прашања и се информираа за тоа кои предмети се изучуваат во секоја година, по колку часа неделно се застапени, како и за тоа кои воннаставни активности се организираат и реализираат, се вели во информацијата од гимназијата.
Во продолжение изјавата на директорката Цонева и дел од видео материјалот за текот на Отворениот ден :
Leave a Reply