Техничар за дизајн еден од најбараните профили во СОУ ,,Миле Јаневски Џингар”

СОУ “Миле Јаневски Џингар” М.Каменица веќе три години образува кадар од профилот Техничар за ДИЗАЈН на облека кој е еден од најбараните од областа на текстилството.
Со таа насока учениците ќе изучуваат нови стручни предмети (цртање и сликање, дизајнирање на облека, изработка на облека и модни додатоци, конструкција на облека, модни стилови и Др.)

Под мотото “Креативноста нема граници” училиштето го промовира овој атрактивен профил пред идните средношколци, повикувајќи ги да ја искажат својата креативност.

Секој ученик ќе добие еднократен паричен додаток во износ од 20 000 денари кој е обезбеден од страна на Општина Македонска Каменица.

Исто така учениците во овој профил ќе имаат можност за добивање на стипендија во износ од 2200 денари за 9 месеци во годината.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*