
Кошаркарките на , Патриот 2016″ и Тим Арена се пласираа во финалето на завршниот финален турнир воМ-16 лигата, чиј домаќин викендов е градот Делчево. Во првото полуфинале, екипата на Тим Арена беше подобра од кошаркарките на Бадел 1862, додека во вечерниот натпревар и второто полуфинале, домашната екипа на Патриот го совлада тимот на Вардар.
Тренерот на делчевки, Љупчо Петровски изрази задоволство од пласманот во финалето, потенцирајки дека голема улога во победата одиграла публиката која била нивниот шести играч.
-Како прво ќе им честитам на девојките кои изиграа феноменално, го оставија срцето на терен, девојки на кои ова им е 15 победа по ред. Благодарност до делчевчани кои ја наполнија спортската сала и помогнаа во оваа победа. Ова се наши деца кои покажаа дека трипати можат да го совладаат Вардар, покажаа дека можат до финале и секако дека ќе се борат за прво место, рече Петровски.

Најдобар поединец на натпреварот беше Ана Ангеловска која очекува по финалето пехарот да остане во Делчево.
-Пресреќна сум за победата, одиме во финале и се надевам дека публиката и утре ќе ни помогне да го освоиме, додаде Ангеловска.

Финалето помеѓу Патриот и Тим Арена е закажано за в недела (05.06.22) со почеток од 18:30 часот, додека претходно во борбата за трето место ќе се сретнат поразените екипи на Вардар и Бадел 1862.
Целиот натпревар помеѓу Патриот и Вардар:
Leave a Reply