„Македонската филмска музика од осамостојувањето до денес“ – едукативна работилница во вторник во Делчево

Соопштение до медиуми

Почитувани, задоволство ни е да ве известиме дека на 7-ми јуни (вторник) во 11:00 часот во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево ќе се одржи предавање со наслов „Македонската филмска музика од осамостојувањето до денес“. Настанот ќе го води проф. д-р Александар Трајковски, чија тесна специјалност е токму македонскатафилмска музика.

Во рамките на предавањето, ќе биде претставена анализа, која ја опфаќа музиката во играните филмови од осамостојувањето на нашата земја па сè до денес, надополнета со повеќе аудио-визуелни презентации. Направен е богат избор од најистакнатите филмски дела, од кои се издвоени филмски сцени илустрирани со музика. На тој начин, слушателите ќе имаат можност директно да се запознаат со темата која што претставува предмет на елаборација.

Во последниот дел од предавањето ќе има отворена дискусија, на која слушателите ќе имаат можност да му поставуваат прашања на предавачот, со што, суштински ќе се продлабочат нивните интереси и ќе се добијат одговори на сето она што ги интересира.

Предавањето e поддржано од Министерството за култура, а ќе биде отворено за сите заинтересирани кои сакаат да присуствуваат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*