Стенд-ап комичарот Марјан Георгиевски в четврток со свое шоу во М.Каменица

В четврток (23 јуни 2022) во Домот на култура во Македонака Каменица ќе се одржи стенд-ап шоу со познатиот македонски комичар Марјан Георгиевски.

-Еве, драги мои, пред 12 години почнав да се занимавам со стендап комедија, настапив низ цела Македонија, низ цел балкан, бев во Америка, Канада, Австралија, Германија…Но во Македонска Каменица никогаш не сум настапил. Е па драги мои дојде и тој ден:) сакате да ве заболат стомачните од смеење, за комшиите, за глупостите што ги правиме кога сме пијани и кога сме трезни ни е срам дека ја замарвме бившата девојка, за женски – машки светови, за инстаграм албуми со наслов summer 2022, за гастербајтерите после 2 год. живот во Германија што се враќаат со БМВ- то а од внатре ” јачи ” Цеца… за тетка ти што ти пишува коментари на Facebook… и за уште многу други теми , за маслото дека поскапе… а не, не тоа не е смешно… дојдете да се понасмееме за животот во Македонијава наша
Ве сака ваш Марјан Георгиевски…, вели во најавата на стенд-ап комичарот за својот настап во М.Каменица.

Настанот е во организација на КИЦ ,,Романса”, почетокот е закажан за 20 часот, а влезот е само 100 денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*