Ќе се истражува ,,отвор” длабок 4,5 метри кој се појави во месноста Раковец кај Пехчево!

Ќе се истражува ,,отвор” длабок 4,5 метри кој се ,,појави” во месноста во месноста Раковец кај Пехчево! Отворот го пронајде пехчевецот Стевчо, познат меѓу населението како вљубеник во археологијата и истражувањето за кој јавно објави на својот фејсбук профил:

“Отвори се дупка над Раковец, длабока 4/5 метра и повече затрупано…најверојатно затворен римски рудник, затрупaна сос шлунак. Нека са на арно тие знаци за Пехчево”, се вели во неговата објава.

Според информации на www.delcevo365.mk за утре е најавена средба помеѓу градоначалникот на Пехчево и познат геолог од Источна Македонија кој ќе изврши првичен увид на самото место каде е забележан длабокиот отвор.

Во моментот заради заштита на населението местото е обележано со знак за претпазливост.

https://youtube.com/shorts/z02E3aSW2Pc?feature=share

https://youtube.com/shorts/Nb7F-Yxa9-s?feature=share

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*