ЈЛБ ,,Илинден” ги избра најдобрите творби од литературниот конкурс ,,Сите сме исти”

ЈЛБ „Илинден“- Делчево ги избра најдобрите творби,поезија и проза од наградниот конкурс „Сите сме исти“. Конкурсот беше распишан во соработка со ОО на Црвен крст, а во рамки на проектот ПХВ (промоција на хумани вредности).
Според директорката Биљана Петровска на конкурсот биле пристигнати голем број на творби и поезија и проза и од ученици од основното и од ученици од средното образование.

Комисијата за отценување составена од вработени во ЈЛБ„Илинден“, награди три творби од ученци од основното обраование и три творби од средното образование.

Од основното образование наградени се следните ученици:

Поезија
Прво место- Нела Јовановска
Второ место- Евгенија Георгиевска
Трето место- Софија Арсовска

Проза
Прво место- Михаела Начевска
Второ место- Катерина Трајковска
Трето место- Ива Цонева

Од средното бразование наградени се следните ученици:

Поезија
Прво место- Даријан Ефтимов
Второ место- Александра Попова
Трето место- Мелани Јовановска

Проза
Прво место- Андреа Димитровска
Второ место- Теодора Тодоровска
Трето место- Ива Ивановска

Честитки до сите ученици кои беа дел од овој конкурс, честитки и до наградените ученици, рече Петровска.

Како библиотека навистина посакуваме и понатаму да имаме убава соработка со училиштата во градот и учениците и понатаму да учествуваат во сите наши конкурси. Ние ќе продолжиме со распишувања на конкурси на разни теми, се со цел да ги поттикнуваме учениците да творат, да создаваат нешто ново што има некоја вредност. Да ја поттикнуваме креативноста кај учениците и да ги поддржуваме нивните креативни дела.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*