Во тек пријавувањето за трката на 10 километри од Берово до Пехчево

По иницијатива на Алексеј Крушарски и Андреј Митровски од Пехчево, во соработка со Општина Пехчево и Општина Берово годинава за прв пат се организира трка во должина од 10 километри со старт во Берово и цел во Пехчево.

Иницијативата е покрената од ентузијасти, љубители на спортот, а се со цел да ги поттикне младите да се занимаваат со спорт, под мотот ,,Во здраво тело, здрав дух”.

Иницијативниот одбор за организирање и одржување на оваа трка, има желба, оваа активност да прерасне во традиција и да продолжи да се одржува секоја година, да биде една туристичка атракција за двете општини и дополнителна причина да се посетат општините Пехчево и Берово,

Трката ќе се одржи на 17 07 2022 година (недела) од 09:00 часот, со старт од Плоштадот Димитар Беровски во Берово и ќе заврши со цел во Пехчево на Плоштадот Свети Петар и Павле, каде ке бидат доделени финишер медали за сите и дипломи за 1во. 2ро и 3то место од трката

Пополнување формулар за учество на трката на следниот линк:

https://forms.gle/iERxQrYADNmNGwf28

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*