Четири кошаркарки на ,,Патриот 2016″ на поширокиот репрезентативен список

Женскиот кошаркарски клуб ,,Патриот 2016″ со уште две кошаркарки на поширокиот список за Репрезентацијата на селекторот Горан Даниловски во М-16.

Како што објави тренерот Љупчо Петровски – Клубски капитенот и МВП на Ф4 турнирот во М-16 Ана Ангеловска и центарот на нашите шампионки Теодора Атанасовска се најдоа на списокот на селекторот Даниловски за Европското првенство во Б Дивизијата кое се одржува во Подгорица, Црна Гора.

Претходно на поширокиот репрезентативен список веќе се најдоа Елена Ангеловска во М-18 и Мелани Стоименовска која веќе е во Турција и ги игра своите минути во репрезентативниот дрес.

Со тоа клубот ,,Патриот 2016″ веќе има 4 потенцијални репрезентативки.

ПОШИРОК СПИСОК НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА У16 – ЖЕНИ

Мила Ќолчевска (Спорт тим – Неготино)

Белма Дечковиќ (МЗТ Скопје Аеродром)

Теодора Атанасовска (Патриот 2016)

Ана Ангеловска (Патриот 2016)

Ива Дојчиновa (Тим Арена-Штип)

Ана Иветиќ (Тим Арена-Штип)

Ања Начевска (Вардар)

Бојана Николиќ (Вардар)

Мартина Џангаровска (Вардар)

Теодора Синиковска (Струга 2009)

Сара Велковска (Струга 2009)

Мила Ѓуковиќ (Бадел 1862)

Зара Стојановска (Бадел 1862)

Стела Стојановска (Баскет Кам 2011)

Милица Николиќ (Војводина-Србија)

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*