Видео: ЈЛБ ,,Илинден” одбележува 96 години од смртта на Крсте Петков – Мисирков

Овој месец се навршуваат 96 години од смртта на Крсте Петков Мисирков. По тој повод ЈЛБ”Илинден”-Делчево, подготви кратко видео посветено на Мисирков. Во продолжение неколку извадоци од текстот во видеото кое коже да го погледнете на крај од текстот.

„Мојот македонски патриотизам и тука го победува бугарскиот патриотизам. Македонците и се нужни на Македонија; само со Македонци Македонија ќе биде на Македонците, а не без нив. Македонците или треба да си останат на родните места, па ако сака и ѓаволот да ги владее, или пак, ако им е судено да се местат, тие треба да се преместат од едниот крај на Македонија во друг крај, но пак на Македонија, а не на Бугарија, Србија или Елада. Ќе речете: така не може да размислува еден Бугарин. Да, но така може и треба да размислува еден Македонец.“ „Нека ми биде простено, но јас, како Македонец, на прво место ги поставувам интересите на мојата татковина и моите сонародници и само потоа интересите на Бугарија и Југославија. Јас сум Македонец, со македонска свест, и како таков си имам свое македонско гледиште врз минатото, сегашноста и иднината и на мојата татковина и на целото јужно словенство и затоа сакам и нас Македонците да не прашаат за сите прашања што не засегнуваат нас и нашите соседи.Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од се друго на светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме близоста на српските, бугарските и македонските интереси, но се треба да биде оценувано од македонско гледиште. К.П.Мисирков

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*