Исплатата за штети доцни и по една година од пожарите во Делчевско

Исплатата за штети доцни и по една година од пожарите во Делчевско. Ова го тврди жителка на Делчево чии родители потекнуваат од Истевник, село кое беше зафатено од пожарите кои избувнаа на 2 август 2021 година, пожари во кои беа зафатени најголем дел од ,,белите дробови” на Пијанец и Малешевијата.

Нова Македонија денови излезе со сторија и за моменталната ,,активност” на терен во опожарените подрачја.

Речиси по една година од големиот шумски пожар во кој изгореа над илјада хектари борова шума и нискостеблести растенија само на територијата на општината Делчево, единствената активност што може да се забележи на теренот се интензивна сеча и извлекување на оштетените трупци. Во однос на чистењето на почвата и нејзина подготовка за евентуално пошумување, засега, нема конкретни активности. А глетката, дури и деновиве, во период на сѐ уште исклучително бујна вегетација, е стравотна. Ридовите од двете страни на патот Делчево – Берово, во најголем дел, се јагленисани, се вели во воведот на сторијата на Нова Македонија.

Целата сторија во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*