Се гради пристапна улица кон улица „Кеј на Брегалница“

Деновиве започнаа градежни работи за изградба на крак кој води кон ул „Кеј на Брегалница“ во населбата Трети Реон зад комплексот на станебните згради. Во моментов се врши поставување рабници и се работи на долниот строј од улицата која е во должина од околу 100 метри, по што ќе следува поставување асфалтен слој.

Изградбата на оваа улица е дел од инфраструктурниот пакет финансиран од Буџетот на Општина Делчево во висина од 12.000.000 денари. Во рамките на овој пакет инфраструктурни проекти во првата фаза ќе се работи и на изградба на дел од ул „Грозданец“ во должина од 200 м, на пристапна улица кон улица „Илинденска“, како и изградба на  потпорен ѕид на ул. „Маршал Тито“ и потпорен ѕид на ул. „Острец“ во должина од 33 метри.

Изведувач на работите за изградба на општински улици е ОСД „Кирил“ од Скопје.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*