Голачките фолклорни средби на Летната сцена во Делчево поради забраната за движење во шуми

Поради делумната забрана за движење во шума, Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Голачки фолклорни средби 2022″ наместо на планината Голак ќе се одржи на Летната сцена во Градскиот парк во Делчево. Директорот на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков – Вапцаров, Методи Толевски информираше дека на фестивалот кој ќе се одржи на 8 август 2022 ќе настапат  ренормирани фолклорни групи од земјава и странство.

-Досега ни е потврдено учеството на фолклорните групи и ансамбли од Македонија кои ќе учествуваат на настанот. Очекуваме потврда за учество на две групи од соседна Бугарија, а од оправдани причини гостите од Кемал Паша, Турција го откажаа учеството. Сепак имаме доволен број учесници кои и годинава ќе бидат носители на оваа манифестација, рече Толевски.

Во рамки на програмата, како што додаде директорот предвидено е и дефиле низ центарот на градот.

-Пристигнувањето на учесниците е во 16 часот, потоа имаме дефиле низ центаро на градот во 18 часот, додека програмата со настап на сите фолклорни групи на 8 август 2022 година ќе започне од 19 часот, додаде Толевски.

Од Центарот за култура упатија отцорена покана до сите љубители на фолклорот да присуствуваат на фестивалот кој и изминатите години од истата причина се одржа на Летната сцена во градскиот парк во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*