ОК ВМРО ДПМНЕ Делчево со писмена реакција поради долготрајниот прекин на водоснабдувањето во Делчево

По повод дванаесетчасовниот прекин на водоснабдувањето со вода во Делчево, на нашиот официјален мејл добивме писмен допис од ОК на ВМРО ДПМНЕ Делчево во кое тие го пренесуваат својот став за проблемот со кој како што велат се соочија граѓаните на Делчево во изминатите повеќе од 12 часа.

Објавата во која од ОК ВМРО ДПМНЕ поставуваат повеќе прашања до надлежните ја пренесуваме во целост:

Делчево веќе повеќе од дванаесет часа (а се очекува и повеќе) на овие пеколни температури нема вода за пиење!!!

-Директоре на ЈКП “Брегалница”-Делчево Стојче Стојковски сакаме јавно да Ве прашаме неколку прашања:

Дали се точни муабетите кои кружат низ градот дека причината што Делчевчани на овие пеколни температури немаат вода за пиење со часови е тоа што поради вашето недомаќинско работење го имате оставено претпријатието без резервни делови неопходни за санација и одржување на водоводната мрежа?!

Дали е точно дека не се само повисоките делови оставени без вода а целиот град?!

Дали Ви е јасно дека и покрај сите поскапувања што ги направивте е некорекно и непрофесионално од ваша страна да ги доведете жителите на Делчево со часови да немаат вода за пиење и основни хегиенски навики?!

Дали Ви е јасно дека го доведувате во прашање нормалното работење на фирмите кои се директно зависни од водоснабдувањето?!

Со таква ли грижа кон корисниците на услугите на претпријатието ќе ги враќате во Делчево нашите сограѓани кои се раселени низ светот?!

Дали Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски со тоа што постојано е нем на ваквото ваше раководење со претпријатието не станува Ваш соучесник за сите овие изброени работи?!

И добро размислете пред да побарате за разбирање(за вашата неспособност) од жителите на Општина Делчево како токму од кога Вие сте директор на ЈКП “Брегалница”-Делчево: се почесто се случува со часови да нема вода поради честите дефекти на водоснабдителната мрежа, депонијата чади веќе со месеци, улиците да се измијат е невозможна мисија, корпи за отпадоци нема дури и во централно градско подрачје, навременото собирање на ѓубре е фантазија, поскапувањето на сметките за вода е секојдневие,

се вели во доставениот писмен допис од страна на ОК ВМРО ДПМНЕ Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*