Се одржа 5-тата иселеничка средба во виничкото село Драгобраште

Во виничкото село Драгобраште се одржа 5-та иселеничка средба која традиционално се одржува во дворот на манастирот Св.Спас во с.Драгобраште, организирана од Здружението Камен Мост на Македонците во Италија.

Овој настан е од големо значење за Општина Виница бидејќи ја покажува поврзаноста на иселениците со родната земја и со најблиските. Ваквите средби и видувања не сплотуваат, со вакви средби ја негуваме и одржуваме нашата традиција, култура, идентитет, истакна градоначалникот на Виница, Миле Петков.

Печалбарството како што додаде навистина остава траги во развојот на општината и на државата, потенцирајки вдека Виница е горда што Македонската дијаспора од секогаш била гласот кој во светот ја шири вистината за Македонија и се грижи за својот идентитет, за фолклорот, религијата, обичаите.

Токму затоа општина Виница како што најави и во иднина ќе се залага и ќе биде покровител на вакви и слични манифестации кои имаат заеднички интерес за доброто на сите граѓани и на сите иселеници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*