Пекевски со честитка до Беровчани по повод празникот ,,Успение на Пресвета Богородица”

На сите првославни верници, Ви го честитам големиот празник ,,Успение на пресвета Богородица”, посакувајќи многу здравје, среќа, почит, љубов, разбирање и толеранција.

Ние беровчани сме народ, кој столетија наназад, со неизмерна среќа го слави овој празник, во миговите на спокој и убавини, сплотени како што доликува и љубезни домаќини, каков што секој би посакал.

Во овие мигови на создавање на нови традиционални вредности, да испратиме порака за сплотеност, заедништво и силна вера, дека само добрите дела го прават човекот, човек, а човечството поубаво и посреќно.

Да ги негуваме традиционалните вредности, зошто пандемијата покрај бројните предизвици, не научи да ги цениме вистинските вредности, да живееме сакајќи ги блиските и градејќи почит кон нив и кон сите останати.
Искрено се надевам, дека годинава ќе го видиме Берово, полно со народ, ќе создаваме убави спомени и среќни приказни кои ќе траат.

Да се почитуваме едни со други и да се градиме во позитивни личности, кој ќе бидат пример за идните генерации!
За многу години празникот ,,Успение на пресвета Богородица”! Да сте живи и здрави!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*