ЈЛБ „Илинден“ – Делчево по трет пат избира читател на летото

По трет пат ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, избира читател на летото. Традиционално и ова лето како што истакна директорката Биљана Петровска избрани се тројца читатели од различна возраст кои го понесоа епитетот „читател на летото“.

-Од повозрасните наши читатели тоа е Југра Симева, потоа Драгана Крстевa Трајановска и од учениците тоа е Викторија Зафировска. Честитки до сите нив, се надеваме дека и понатаму ќе бидат наши редовни читатели, рече Петровска.

ЈЛБ „Илинден“ и понатаму како што додаде ќе набавува се што е ново, интересно и барано, порачувајки им на сите читатели не само летото, туку и есента да ја поминат со добра книга.

Десетгодишната Валерија Зафировска чита од своја петгодишна возраст, а најмногу обожава да чита за авантурите на Робинзон Крузо. На останатите другарчиња им препорача да читаат бидејки преку книгата како што рече може многу да се научи.

Посакувајки им успешен почеток на учебната година, од ЈЛБ ,,Илинден” ги информираа сите ученици дека библиотеката располага со сите лектири за основното но и за средното образование, потенцирајки дека учениците ова лето многу изнајмуваа и читаа голем број лектири, што е за пофалба.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*