Во ЈЛБ ,,Илинден” успешно реализиран проектот ,,Секое капаче е вредно”

Во Јавната локална библиотека ,,Илинден” завршија активностите од проектот ,,Секое капаче е вредно”. Со стопроцентна реализација, акцијата како што информираше директорката Биљана Петровска заврши успешно 

-На последниот ден од реализација на акцијата „Секое капаче е вредно“ во ЈЛБ„Илинден“, огромен број на капачиња донесоа учениците Илиевски Јосиф  и Никола. Браво дечиња, и вие покажавте дека сте мали ама одговорни и  хумани. Сите соберени капачиња денес  беа  земени  од библиотеката  и однесени на преработка, рече Петровска.

Средствата собрани од преработка на  капачињата заедно со средствата од останатите градови каде се реализираше проектот, како што додаде ќе бидат наменети за реновирање на детските одделенија ширум болниците во државата.

-Искрено се надеваме и се радуваме  дека успеавме барем малку да помогнеме во реновирањето на некое детско одделение. Се надеваме дека меѓу другите, ќе биде и детското одделение при нашиот Здравствен дом, додаде Петровска.

По успешно реализираниот проект во библиотеката, собирањето капачиња ќе продолжи со донирање во три специјални кутии поставени на видни локации во Делчево, каде заинтересираните и понатаму ќе можат да ги оставаат капачињата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*