Бочварски и Китански го потпишаа договорот за изградба на улицата ,,Индустриска” во Пехчево

Во Пехчево Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот Александар Китански го потпишаа договорот за реконструкција на улица „Индустриска“ кој се реализира согласно Проектот за поврзување на локални патишта кој се финансира со заем од Меѓународна банка за обнова и развој и Светска Банка и имплементиран од страна на Министерството за транспорт и врски.

Бочварски нагласи дека се работи за сериозна инвестиција со која се дава поддршка на Општина Пехчево.

-Општина Пехчево има аплицирано за две улици. Првата улица е „Индустриска“ која што веќе ние ја завршивме постапката за избор на изведувач. Изведувачот е избран и денес имавме можност со градоначалникот да го потпишеме меморандумот за имплементација на улицата „Индустриска“ со инвестиција од преку 13,5 милиони денари. Тоа е сериозна инвестиција и сериозна поддршка за општина Пехчево која што доаѓа од централната Влада како грант средства, средства коишто граѓаните на општина Пехчево нема да ги враќаат кон централната Влада. Тоа го правиме со цел да помогнеме за да се дополнително направи развој на локалните средини, рече Бочварски.

Министерот напомена дека централната Влада преку Министетството ќе продолжи со поддршката кон општините, посебно преку проектите за изградба на локални патишта и преку изградба на водоводи и канализации.

-До овој момент преку проектот за улици и патишта ние веќе инвестиравме, завршиме со инвестиција и сме во фаза на имплементација на 94 улици во 46 општини. Тоа се сериозни инвестиции и сериозна поддршка, но така ќе продолжиме и во идниот период со поддршка и соработка со општините со цел на крајот граѓаните да видат бенефит од нашето работење на територијата на целата држава, додаде Министерот.

Градоначалникот на Пехчево Александар Китански изрази задоволство што со поддршка на министерството градежните работи со фокус на улицата ,,Илинденска” ќе започнат во понеделник, а по нејзино завршувањето ќе се влезе во реализација на уште една локална улица.

-Ова иницијатива ја почнавме уште многу порано во нашиот мандат и со нивна помош дојдовме во оваа состојба каде што сме денес и во текот на наредната недела да почнеме со реализација на улица “Индустриска” а во текот пак на следниот период да се спремаат документите за реконструкција и на улицата “Илинденска”. Благодарност до министерството за заложбите што ни излегоа во пресрет за да можеме да ги реконструираме улиците и да се промовираме како туристичко место со добра инфраструктура , рече Китански.

На средбата се разговараше и за клучните приоритети на општината и поддршката која што доаѓа од страна на Министерството за транспорт и врски во делот на реконструкција на локалните улици и патишта во Пехчево.

Видео изјави од средбата ТУКА

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*