
Традиционалниот планинарски марш до планината Голак денес по осми пат го реализираше истоимениот планинарски-спортски клуб Голак.
Маршот како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски се реализираше со следната машута:
Град Делчево 595 м.н.в. – Ветровити Рид 753 м.н.в. – Богородичка Полјана 900 м.н.в. – Милосова Чешма 1040 м.н.в. – Стари Голак 1300 м.н.в. – Спортски Терени 1400 м.н.в. – Врв Чавка 1538 м.н.в. – Врв Мала Чавка (Св.Пантелејмон) 1508 м.н.в. – Спортски терени 1400 м.н.в. – Стари Голак 1300 м.н.в. – Долна Богданица 946 м.н.в. – Трајанов Рид 730 м.н.в. – Град Делчево 595 м.н.в. во во вкупна должина од 24 км.
На маршот учество зедоа планинари од Осогово – Ќустендил (Р.Бугарија), Рилски Турист – Самоков (Р.Бугарија), Кожуф – Гевгелија, Бистра – Скопје, Даб – Дојран, Лисец – Штип, Национални шуми – ГОЛАК Делчево како и планинари од Зрновци, Берово и Делчево.
-Голема благодарност до сите учесници, посебно на нашите членови од ПСК ,,Голак” Делчево предводени од младинците во клубот. Голема благодарност до нашите спонзори на овој планинарски марш, фирмите Памист 2015 Делчево, Киборг Делчево, Пијанечки клас – Делчево и нашиот член Влатко Петровски кои се погрижија се да биде во најдобар ред, додаде Чучуковски напоменувајки дека планинарите имале еден многу убаво исполнет планинарски ден со многу позитивни планинари.
Leave a Reply