Иницијатива на Левица за беплатна исхрана и сместување во детската градинка во Делчево

Советникот од Левица во Општина Делчево, Тони Стаменковски поднесе иницијатива со која престојот и исхраната на децата од ОЈУДГ „Весели Цветови‘‘ ќе биде бесплатен.

Се надеваме истата да биде ставена на дневен ред за разгледување наредната седница на Совет на Општина Делчево бидејќи се работи за приоритетно прашање во услови на економска криза.

Сакаме да потенцираме дека истовремено бараме и да се изнајде начин за зголемување на капацитетите за прием на деца во градинката бидејќи жителите на општината се соочуваат со недостаток на места за згрижување на нивните дечиња.

Апелираме до советниците на другите политички партии да се одважат и да ја поддржат оваа иницијатива која ќе делува стимулирачки за голем број семејства од нашата Општина.

Левица како политичка партија се залага образованието да биде бесплатно и достапно до сите, па така тргнувајќи од постулатот дека градинките немаат само згрижувачка туку имаат и воспитно- образовна функција, логичен след е и образованието од предучилишна возраст да биде бесплатно.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*