Пехчевецот Јован Тасевски ја издаде збирката ,,Приказни од нашето село”

Авторот Јован Тасевски од Пехчево деновиве ја објави збирката раскази ,,Приказни од нашето село”. Сите раскази се базираат на вистински настани, кои се случиле во Пехчево и околните села за време на турско, српско, бугарско, југословенско, а основата е земена од записите неговиот татко, учителот Љубомир Тасевски и лично од негови записи кои ги слушал од постари луѓе.

-На тие вистински настани се надоврзував понекогаш произволно со личности (вистински од нашето место) и поситни настани измислени од мене, со цел да сум му поинтересен на читателот (основната цел на авторо на уметничкото литературно дело е да е интересен на читатело, тва е познато), ама, како што реков, основата е вистинска. Тука се мешаат уметноста и вистината. Се надевам оти книгата ќе предизвика интерес, ќе го заземе своето место во архивата на нашата општина и ќе го разнесе низ нашата Македонија името на нашата Малешевија, вели Тасевски.

По повод излегувањето на книгата Тасевски ги известува неговите сограѓани дека истата ќе се продава по цена од 200 денари. Може да се набави во неговиот дом во центарот на Пехчево.

БЕЛЕШКА ЗА АВТОРОТ

Јован Тасевски е роден 1956 година во Пехчево Гимназија завршува по Берово, потоа го завршува Прашниот факултет по Скопје. Работел како новинар во НИП ,,Нова Македонија”, потоа како секретар во Кристал Пехчево, па пак се враќа во Скопје како хонорарен соработник на неколку весници, моментално се занимава со приватна работа и со пишување. Автор е на збирката раскази Демон” збирката есеи Агонијата на македонскиот дух, епистоларните романи (романи во писмо) ,,Белешки од еден живот” и Падот на куката Рамбује“. монографијата Стефан Цвајт – рицарот од кристалниот замок, романот ,,Пат без враќање” (прв и втор дел), историскиот роман ,,Готи”, збирката раскази Пехчевски приказни”, прв и втор дел, биографиите ,,Никола Зафировски”, “Гласот на тишината” и ,,Марија Гугушевска”, филозофската расправа ,,Триумфот и трагедијата на царството на духот или татко ми, јас и петлите на Платон”, автобиографијата ,,Сликата на мојот живот”, а тука е обемниот историски роман ,,Рицарот од Охрид”, кој поради незаинтересираност останува во ракопис.

Освен како писател Јован Тасевски е познат и како просветител.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*