Литературен конкурс по повод Месецот на книгата во Делчево

По повод Месец Октомври – Месецот на книгата, Јавната локална библиотека ,,Илинден” Делчево распиша Литературен конкурс за поезија на тема: ,,Книга – Сон кој го држиме во раце”.

Право на учество на конкурсот имаат сите ученици од основното образование.

Конкурсот ќе трае од 1 октомври до 20 октомври 2022 година.

Сите ученици кои ќе творат на темата, песните можат да ги донесат во библиотеката секој работен ден од 7,30 до 18 часот или да ги дадат на наставниците по македонски јазик.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*