Во беровско Митрашинци одбележани 78 години од создавањето на 50 Народна ослободителна дивизија

Во беровско Митрашинци, одбележани 78 години од формирањето на 50-тата Дивизија на НОВ И ПОМ и 14-тата младинска ударна бригада ,,Димитар Влахов”. На одбележувањето присуствуваше и Дедо Јован Величковски кој е единствениот преживеан и жив сведок и учесник во создавањето на истата.

Тогаш како што раскажува неговиот внук бил поставен за командант на 2 батаљон ,4-та бригада која се реорганизира и тргнува во борбата за слобода. Вечна нека им е славата на борците кои се бореа за да ние денеска имаме држава членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ, вели во својата објава на фејсбук Тркалевски порачувајки СЛАВА ИМ НА СИТЕ КОИ СЕ БОРЕА ЗА ОВА НАШЕ МАЛО ПАРЧЕ СЛОБОДНА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА.

Видео од положувањето цвеќе на дедо Јован ТУКА

Сеќавањата од учеството во Народноослободителните борби на својот дедо Јован Величковски, неговиот внук Ванчо Тркалевски ги раскажа во книгата „Мојот живот, минато мило“ која неодамна беше промовирана во Делчево, промоција која може да ја погледнете со клик на линкот во продолжение: https://fb.watch/fEmQAWIL9i/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*