Втор ден од престојот на ученици од СОУ ,,М.М.Брицо” во Стара Загора преку програмата Еразмус

Втор ден од престојот на нашите ученици во Стара Загора преку програмата Еразмус+.
Денес со учениците од струката Хемија и технологија имавме работна сесија во Министерството за животна средина и вода и со регионалната инспекција за животна средина и вода.

Ги посетивме лабораториите за хемиска анализа на вода и почва кои располагаат со најсовремени уреди за гасна хроматографија и атомска апсорпциона спектроскопија. Во регионалниот инспекциски центар се запознавме со секојдневното испитување на загаденоста на воздухот во регионот.

Учениците од Текстилно-кожарската струка денес работеа со волна. Во соработка со наставник којшто има свое сопствено ателје ,учениците изработија кукли и фигури од волна по сува постапка со помош на игла.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*