
Денеска на Граничниот премин Делчево, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Делчево – Регионален центар за гранични работи Исток и Отсекот за превенција при СВР Штип, во соработка со Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, спроведоа превентивно едукативна кампања под мотото „Вози одморен“.
Целта на кампањата како што истакна портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова е да се потсетат возачите на влијанието на заморот и последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од заморот
-Со оваа активност сакаме да ги поттикнеме возачите да прават повеќе паузи, да консумираат повеќе течности , да патуваат одморени и наспани и да го запрат своето возило веднаш штом ги почувствуваат првите знаци на заморот, рече Панајотова.

Покрај брзото возење, како што додаде портпаролката, алкохолот и заморот претставуваат една од главните причини за предизвикување на сообраќајните незгоди.

-Поради тоа апелираме да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи како и да прават повеќе паузи при подолго возење за да се зголеми безбедноста во Сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта, додаде Панајотова.

За време на активностите на возачите им беше делен соодветен печатен материјал со едукативна содржина, како и шишиња со вода, а во непосредни разговори со возачите, полициските службеници укажуваа на важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи.
Leave a Reply