ИЗВЕСТУВАЊЕ за прекин на сообраќајот на улица ,,Острец” во Делчево

Поради градежни работи на улицата ,,Острец” во Делчево, сообраќајот на оваа улица во текот на утрешниот ден ќе биде во прекин, соопштија од Општина Делчево.

 -Во рамки на утврдениот времен режим на сообраќај и известувањето добиено од страна на изведувачот БИТЕМ Скопје за асфалтирање на дел од улицата „Острец“, се информираат граѓаните дека на ден 30.09.2022 година (петок), ќе се започне со асфалтирање на улицата при што сообраќајот на овој дел од улицата ќе биде во прекин, информирмираа од Општината.
Укажаа на разбирање и соодветно прилагодување од страна на возачите  заради потребите за брзо и навремено спроведување на градежните работи.

-Воедно апелираме да се почитува поставената сигнализација, сообраќајните правила и прописи, возачите да се движат со намалена брзина и зголемена претпазливост, се вели во известувањето од  Општина Делчево.
Асфалтирањето на улицата ,, Острец” која се баоѓа на клучката која води кон планината Голак, ќе се реализира во периодот од 10 до 16 часот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*