Кампањата ,,Подај рака и промени живот, стани згрижувач” на 4 октомври во Делчево

Кампањата ,,Подај рака и промени живот, стани згрижувач”, која е наменета за промоција на згрижувањето како форма на детска заштита, има за цел да се зголеми бројот на згрижувачки семејства во земјата.

За граѓаните од општина Делчево да можат да се запонзаат со процесот на згрижување и да се запознаат со условите и бенефитите кон индиивидуалното и општественото добро, во вторник, 04.10.2022 година во Делчево, на локација непосредно до општината пред Стопанска Банка, заинтересираните граѓани, стручниот тим од Центарот за Поддршка на згрижувачки семејства 11 Октомври и СОС Детско село ќе ги презентираат придобивките од згрижувањето и начинот на кој можете да станете згрижувач.

Истовремено, ќе добиете можност директно да поразговарате со постојан Згрижувач, кој ќе го сподели своето искуство и ќе одговори на сите Ваши прашања. Бројот на деца без родителска грижа и оние во ризик да го изгубат сопственото семејство, е голем и потребни се повеќе згрижувачки семејства, за секое дете да може да биде заштитено од насилство и злоупотреба, да има стабилно домување и згрижувач.

Настанот првенствено е наменет за сите заинтересирани граѓани, со потенцијал да станат згрижувачи, кои преку промотивни материјали и директни консултации со стручни лица, како и самите згрижувачи, можат да се информираат директно за згрижувањето.

Згрижувачите добиваат меѓународно сертифицирана обука, стручна помош и поддршка, и месечен надомест за згрижено дете, надомест за згрижувач, можност за пензиски примања со нарушен 15-годишен стаж,нкако и други придобивки, согласно потребите на децата за кои се грижат. http://www.zgrizuvanje.xn--m-ttb/pogledniuslovi
ПОСЕТЕТЕ ГО НАСТАНОТ ВО ДЕЛЧЕВО, ВО ПЕРИОДОТ ОД 10:00 ДО 14:00 ЧАСОТ И ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ КАКО МОЖЕ ДА СТАНЕТЕ ЗГРИЖУВАЧ.

За сите кои се заинтересирани да станат згрижувачи, а немаат можност да присуствуваат на настанот, повеќе информации за тоа како да станат згрижувач, можат да добијат на телефонскиот број 075/277-477 и веб страната http://www.zgrizuvanje.mk .

*Националната кампања се спроведува од страна на СОС Детско село, во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства ,,11 Октомври” и ,,Битола”, Министерството за труд и социјална политика како и локалните самоуправи, а e овозможена од страна на Германското министерство за економски развој и соработка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*