Планинарите од ПСК ,,Голак” Делчево реализираа маршрута до врвот Обел

Објава на ПСК ,,Голак”

Искачен врв ОБЕЛ 1300 м.н.в. како и посетени ИЛИН КАМЕН 852 м.н.в. и тврдината ГРАДИШТЕ 790 м.н.в. на планината ВЛАИНА (Општина ДЕЛЧЕВО – Област ПИЈАНЕЦ (ДЕЛЧЕВСКА)).
По повод 15-ти октомври – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ПЕШАЧЕЊЕТО,денес членови на ПСК ГОЛАК Делчево,придружувани со 4-ца планинари од град ЌУСТЕНДИЛ (Р.БУГАРИЈА),реализиравме една планинарска маршута со следната релација : Град ДЕЛЧЕВО (населба ПРОЛЕТ) 600 м.н.в. – ЈУНУЗОВ РИД 710 м.н.в. – ГАБИТЕ 822 м.н.в. – ИЛИН КАМЕН 852 м.н.в. – БЕЛУТЦИТЕ 1160 м.н.в. – ВРВ ОБЕЛ 1300 м.н.в. – ВАЧИН ДОЛ 852 м.н.в. – ТВРДИНА ГРАДИШТЕ 790 м.н.в. – Село ГРАД 690 м.н.в. на планината ВЛАИНА во вкупна должина од 18.5 км.
По убави временски услови со идеално сонце,без ветар и со температура од 20 Целзиусови степени,поминавме еден убав колоритен есенски ден.
Голема благодрност до нашите пријатели планинари од ЌУСТЕНДИЛ што изразија интерес да учествуваат на оваа наша клубска акција,уште поголема благодарност до нашите членови и НАЈГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ до нашите младинци на Клубот предводени од младинските лидери ИСКРА ГЕОРГИЕВСКА и ВАЊА ГЕОРГИЕВСКА.
Еден преубаво поминат позитивен ден со максимално позитивни луѓе со кој продолжуваме понатаму.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*