
На покана на Доброволната противпожарна заедница Чрномељ и градоначалникот на Општина Чрномељ делегација на Општина Делчево присуствуваше на одбележувањето на 110 години од формирањето на GZ Črnomelj.
По тој повод на свеченоста беше доделена Плакета за успешната и плодна соработка со ТППЕ Делчево.
-Изразувам голема благодарност до Доброволната противпожарна заедница Чрномељ и Општина Чрномељ за гостопримството и досегашната соработка и најавувам дека во иднина уште посилно ќе продолжиме да ја развиваме помеѓу општините и граѓаните на нашите општини, истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.
GZ Črnomelj искрени честитки за Вашето 110-годишно работење! 👨🚒🚒
Leave a Reply