Одредени категориите за ноемвриската Ендуро трка во Делчево

Почитувани, “Ендуро трката 2022” која ќе се одржи на 06.11.2022 година ке биде во следниве 5 категории и тоа:

  • Крос Мотори до 250 кубици
  • Крос мотори над 250 кубици
  • ATV мотори
  • Џипови до 2000 кубици
  • Џипови над 2000 кубици.

За сите 1-ви места има предвидено награди, пехари, медали и благодарници. За сите 2-ри и 3-ти места има предвидено медали и благодарници.

Ве очекуваме во што поголем број сите заедно на едно место да се дружиме, забавуваме, спортуваме и секако да го негуваме OFF ROAD спортот.

Со Почит

ЕНДУРО ТИМ ДЕЛЧЕВО

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*