Форуми во заедницата за креирање на општинскиот Буџет во Берово

Во рамки на процесот на креирање на Буџетот на Општина Берово за 2023 година, претстојниот петок во Берово ќе се одржи буџетски форум.

На форумските сесии, како што информираа од Општината присутните, преку своето учество, ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Берово за тековната 2022, но и да даваат предлози за планирање на буџетот за следната 2023 година. Воедно присутните ќе имаат можност да предлагаат, дискутираат и одлучат кои се приоритетни активности, за да можат подоцна да бидат ставени во  програмите за 2023 и понатаму да бидат составен дел на Буџетот на општината за 2023 година.

Првата форумска сесија ќе се одржи на 21 октомври 2022 година (Петок) со почеток во 13:00 часот во просториите на Големата сала на Општина Берово.

Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците  на  институциите, како и нивното активно учество на сесиите, како што додадоа ќе биде од особено значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на Буџет на општина Берово за 2023, по мерка на граѓаните.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*